Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Бачев: Вонредна состојба, уредба со законска сила и решение од ДИК за прекин на изборите – предлог начин за одложување на изборите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Престедателот на Единствена Македонија Јанко Бачев во врска со дилемите околу начинот на одложувањето на изборите поради коронавирусот, денеска се обрати до јавноста:

— реклама —

-„Во изминатите 24 часа сведоци сме на различни толкувања на Уставот околу одложувањето на изборите поради загрижувачката и алармантна состојба со коронавирусот. Правно опсервирано, усложнета е оваа правна работа со одложувањето на изборите поради коронавирусот во услови на веќе распуштено собрание и одлука за распишани избори. Се разбира, одговорот треба да го дадат стручни лица од областа на уставното право. Но, иако оваа проблематика не е поле на мој стручен и научен интерес, сепак како учесник во изборната кампања ќе изложам свое мислење.

Според мене, се чини дека е најдобро Државната изборна комисија да донесе решение за прекин на сите изборни дејствија. Колку ќе трае прекинот неможе во моментот да биде определено, туку тоа е определиво: прекинот ќе престане кога ќе престане причината што довела до него, односно, се додека не се надмине состојбата со коронавирусот.

— реклама —

Решението на ДИК пак, претпоставува една претходна состојба на донесување на Одлука за прогласување на вонредна состојба од претседателот на државата (член 125 став 4) и донесување на Уредба со законска сила од страна на владата за мерките за време на вонредна состојба (член 126). Во Уредбата на владата со законска сила една од мерките ќе биде токму прекин на изборните дејствија за спроведување на изборите за пратеници на 12 април.

Како и да е, ќе слушаме разноразни уставни толкувања и предлози. Но, едно треба да ни биде јасно на сите: ИЗБОРИТЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕКИНАТ, НО ЖИВОТОТ НЕ.

Ја користам приликата да потсетам дека претседателот на ФРОДЕМ Јове Кекеновски во името на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија, во која членува и Единствена Македонија, вчера во изјава за јавноста предложи девет мерки за олеснување на животот на народот во услови на епидемија од коронавирусот - се вели во изјавата на Бачев.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања