Македонија

(ВИДЕО)Столтемберг: Државите кои се приклучуваат кон НАТО, како Македонија мора да имаат 5Г мрежа

Државите кои се приклучуваат кон НАТО, како Македонија, мора да имаат безбеден начин на комуникација – изјави Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во интервју за Српската редакција на Гласот на Америка.

Постојат стандарди кои мора да се исполнат кога е во прашање цивилната инфраструктура и телекомуникација, како што е 5Г. Тоа се однесува и на новите идни членки, како Македонија. Овие стандарди не се однесуваат на земјите кои не се членки, но, ние можеме да ги замолиме или да ги советуваме тоа да го направат – изјави Столтенберг, одговарајќи на прашањето за Кина и нејзиното влијание во регионот.

Нашите воени операции и сили зависат од цивилната инфраструктура, од патишта, мостови, аеродроми и подводни телекомуникациски мрежи кои ги поврзуваат двете страни на Атлантикот. Неодамна ги обновивме основните барања за цивилна инфраструктура, кои опфаќаат 5Г технологија – рече тој.

 

Видеото може да го погленете на овој линк.

На почеток