Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Билјана Џинго: Власта ја прифати нашата сугестија за помош од Кина, очекуваме барање за помош и од Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

На прес конференцијата Билјана Џинго членка на Извршниот комитет на Единствена

— реклама —

Македонија, во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија рече:

Познато е во јавноста дека од почетокот на кризата Коалицијата „Никогаш северна-

— реклама —

само Македонија“ има активна улога со секојдневно предлагање на мерки во интерес

на здравствената, социјалната и економската состојба во државата.

Во овој контекст, пред пет дена, ние во Коалицијата „Никогаш северна - само

Македонија„ на прес конференција побаравме од владата веднаш да се обрати за

помош во заштитна опрема и стручни лица од Русија и Кина.

Ова од причина што, кризата со коронавирусот се повеќе се шири, а власта во

Република Македонија нема капацитет да се справи со оваа кризна состојба.

На синоќешната прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче рече

дека е побарана помош од Кина и дека се очекува одговор преку кинеската амбасада

во Скопје, истакна Билјана Џинго членка на Извршниот комитет на Единствена

Македонија.

Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија„ ја поздравува одлуката на владата

да побара помош од Кина и ние сме убедени дека помошта од Кина ќе дојде.

Ја користам приликата да се заблагодарам на власта иако засега само делумно ја

прифати сугестијата на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија„ да се бара

помош од Кина а не и од Русија.

Но, истовремено ја охрабруваме власта целосно да ја прифати нашата сугестија и

веднаш да бара помош и од Русија. Гарантираме дека доколку владата упати барање,

помошта ќе дојде и од Русија, бидејќи, Русија секогаш помага во болка. Тоа е во

националниот карактер на Русите. Помошта е секогаш искрена и чесна.

Свесни сме дека власта е преплашена бидејќи во Брисел ќе бидат бесни кога во било

кој контекст се спомнуваат Русија и Кина.

Но, сето тоа во овој момент е небитно. Сега е најважно е здравјето на народот.

Здравјето на луѓето не трпи политички калкулации. Само така ефикасно ќе ги

елиминираме последиците од оваа здравствена катастрофа.

Коалицијата Никогаш северна - само Македонија„ ги прави потребните чекори. На

потег е владата, истакна Билјана Џинго членка на Извршниот комитет на Единствена

Македонија.

фото: Единствена Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања