Претседателот на Унија на ветерани на ВМРО 1990, Милан Талевски, кое е дел од Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија, на денешната прес конференција во име на Коалицијата промовираше уште една мерка од Пакетот мерки на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“.
Талевски побара да се пропише ефтина тарифа за потрошувачите на електрична енергија во периодот од 13:00 до 17:00 часот, со цел да се олесни животот на народот во услови на здравствена криза со коронавирусот. Талевски ги образложи детално аргументите за оправданоста на оваа мерка и притоа побара мерката да важи во мај, јуни и јули како би можело ЕВН во арпил да ги припреми броилата. ЕВН има силна обврска да помогне во кризата оти своевремно кога ја доби Електродистрибуција му беа пренесени сите фактурирани а ненаплатени сметки од граѓаните што беше прилично голем профит и добивка за ЕВН – потенцираше Талевски.
видео: Единствена Македонија