Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Тажно и опасно, денес власта ја стави Армијата на погрешна страна на историјата како топовско месо на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
14

Денеска е тажен и опасен ден со официјалното приклучување на Македонија во НАТО, спротивно на волјата на поголем дел од македонскиот народ и државјаните на Република Македонија. Да потсетиме, на референдумот на 30 септември 2018 народот кажа дека не сака членство во НАТО и ЕУ и промена на името. Но, марионетската власт во Скопје купена и инсталирана од странски центар најгрубо ја погази волјата на народот дека не сака во геноцидните евроатлански организации кои бришат цел еден македонски народ од светската мапа на нации, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Со денешниот ден македонската војска се става на погрешна страна на историјата, бидејќи, македонските војници сега ќе се користат како топовско месо, а територијата на Македонија како НАТО-база во интерес на генцоидните проекти на НАТО со кои се рушат држави и народи во светот.

— реклама —

Но, ако е за утеха, војниците на Армијата на Републка Македонија да бидат спокојни. Доаѓа ново време, време на новата легална власт на Единстевна Македонија која ќе ја спречи оваа налудничава идеја на марионетската влада во Скопје и нема да дозволи македонски војници во рамките на НАТО да гинат за туѓи цели.

— реклама —

Единствена Македонија ветува дека ќе ја придвижи Република Македонија кон меѓународни организации согласно волјата на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

фото: Единствена Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања