Македонија

Билјана Џинго: Поштар да ги носи пензиите, на јавни места да се постават подвижни тунели за дезинфекција

Билјана Џинго од Извршниот комитет на Единствена Македонија на денешната прес конференција во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ промовираше две нови мерки од Пакетот мерки на Коалицијата.

Во ова тешко време на кризата со коронавирусот, Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ има активна улога со секојдневно предлагање мерки од Пакетот мерки на Коалицијата во интерес на народот.

Денеска сакаме да предложиме две мерки кои во моментот ги сметаме за неопходни во оваа здравствена криза.

Прво, бараме од владата веднаш да донесе Уредба со законска сила за изменување и дополнување на соодветната законската регулатива, со цел, враќање на стариот начин на исплаќање на пензиите на пензионерите во нивните домови од страна на поштарите. Повод за оваа мерка се вчерашните слики кои ги видовме во јавноста како се создаваат големи гужви пред банките при исплата на пензиите. А ваквите гужви пред банките можат да доведат до ширење на заразата со коронавирусот.

Второ,  бараме Владата да постави мали подвижни тунели за дезинфекција на фрекфентни места како што се плоштади, маркети, разноразни институции и други места. На тој начин, со поминувањето на луѓето преку овие наменски тунели се врши дезинфекција и уништување на вирусите. Еве, на фотографијата можете да видите како изгледаат овие тунели. На следната фотографија можете да видите како функционираат овие тунели, луѓето поминуваат преку нив и притоа внатре автоматски уреди вршат дезинфекција со соодветна течност.

Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ ќе продолжи одговорно да се однесува, во интерес на народот, на неговата заштита и справување со последиците од оваа криза. Сега е најважно здравјето на народот. Здравјето на луѓето не трпи политички калкулации. Само така ефикасно ќе ги елиминираме несаканите последици.

Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ во овие тешки времиња останува до крај на страната на народот во битката за здравјето на луѓето. Битка која сите заедно мора да ја победиме, истакна Џинго.

Фото: Архива

На почеток