Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев во изјава за јавноста по повод придружувањето на Македонија кон санкциите на ЕУ против Турција рече:
-„Почитувани браќа Македонци и сестри Македонки
Почитувани државјани на Република Македонија
Деновиве слушаме дека Европската Унија под влијание на Грција и Кипар воведува санкции спрема Република Турција, откако Турција започна со испитувања на наоѓалишта на нафта на дното на морето во слободната зона јужно од Кипар
Во ова тешко време на кризата со коронавирусот, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, со неверување слушаат дека и Република Македонија се придружува на санкциите на Европската Унија спрема Република Турција.
Ова е извонредно погрешен и непромислен потег на владата на Македонија да воведува санкции спрема докажан пријател во изминатите 30 години, како што е Република Турција.
Во изминатите 30 години, Република Турција никогаш не го доведе во прашање името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.
Да потсетам, Република Турција меѓу првите ја призна Република Македонија со уставното име во 1992 година. Во тие немирни времиња, единствен пријател на Македонија беше Анкара. Тоа не смее да се заборави.
Ја користам приликата да потсетам на еден многу интересен момент кој останува вечно врежан во меморијата на македонскиот народ. Имено, во посета на Македонија беше турскиот премиер Сулејман Демирел. Тогашниот турски премиер и тогашниот македонски претседател Киро Глигоров како негов домаќин посетија една од џамиите на Бит Пазар. Веднаш по излегувањето од џамијата во изјава за медиумите турскиот премиер даде изјава од историскоз значење за нас Македонците велејќи дека безбедноста на Република Македонија е грижа и за Република Турција.
Преведено ма обичен јазик, ова значи дека Турција ќе се вмеша и ќе ја брани Македонија при евентуален напад од било кого во тоа време. А во тоа време, да не заборавиме, имаше агресивни изјави од соседните држави иако повеќе можеби блефираа за можен напад и поделба на Македонија од соседите.
Но, како и да е, Турција јасно застана на страната на Македонија и тоа не само вербално, туку со конкретно ветување дека ќе ја брани Македонија.
Единствена Македонија ја прашува марионетската влада во Скопје, дали е свесна во каква авантура влегува со нарушувањето на односите со една високо ценет пријател како што е Турција, бидејќи, уште од сега е јасно дека Турција реципрочно ќе одговори на оваа непријателска провокација со што ќе дојде до нарушување на партнерските односи на политички, економски, трговски, културени и воопшто односите на секаков план.
А за наша среќа, како што гледаме ние 30 години со Турција практично имаме одлични односи во сите области.
Турскиот и македонскиот народ ги врзува силно пријателство. Затоа, сакам да и порачам на Република Турција и турскиот народ дека ова не е одлука на македонскиот народ, туку ова е одлука на марионетската влада во Скопје под диктат на нејзините ментори од Брисел.
Единствена Македонија изразува најсилно незадоволство и осуда на овој во основа длабок непријателски чин спрема Република Турција. Одлуката за санкции против пријателска Турција за Единствена Македонија е неприфатлива и штетна за македонските национални и државни интереси.
Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа, официјално ќе упати извинување до Република Турција и до пријателскиот турски народ“ – истакна Бачев.
фото и видео: Единствена Македонија