На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и 1.000 дијагностички теста.
Донацијата им беше предадена на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и на заменик-началникот на Генералштабот, Азим Нуредин.
„Со ваква перцепција на работите, Република Турција испраќа медицински материјал во земјите од светот со цел справување со епидемијата. Се разбира, нашите народи со векови живееле заедно на Балканот и во Македонија, која е во срцето на Балканот, и секојпат го задржала своето место во срцето на Турција и турскиот народ. Ние ги уважуваме поимите братство и пријателство и сè што е во тој дух. Медицинската опрема што стигна денес во Скопје заедно со себе носи љубов, пријателство и поздрави од почитуваниот претседател и турскиот народ и посакувам да придонесе во заздравувањето на раните на македонскиот народ“, истакна турскиот амбасадор, Хасан Мехмет Секизќок.