Во ова тешко време со коронавирусот кое досега одзеде 30 животи, а преку 100.000 луѓе останаа без работа, владата на СДСМ и Зоран Заев се расфрлаат со буџетски пари за финансирање на албанските универзитети во Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.
Пред два дена, власта на СДСМ му додели буџетски пари на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово. Но, власта од буџетот исто така ги финансира и Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот „Мајка Тереза“.
Потсетуваме, своевремено албанското малцинство во државата бараше еден, а марионетските власти во Скопје низ годините им дадоа дури три универзитети на албанците финансирани од народни пари од буџетот.
Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ најостро ја осудува оваа неприродна и недозволива состојба во која дури три државни универзитети на албанското малцинство се луксузираат врз грбот на македонските државни обврзници. Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ ќе го преиспита ваквото работење, одговорност мора да има, се вели во соопштението од Единствена Македонија.
фото: Архива