Република Бугарија јавно ја соопшти својата позиција дека патот на Република Македонија за членство во Европската Унија подразбира целосно обезличување на македонскиот народ со бришење на јазикот и нацијата. Бугарски академици, историчари, политичари сегашни и поранешни водат агресивна кампања за докажување на наводниот бугарски карактер на Македонија и Македонците. За волја на вистината, обезличувањето на Македоцните не доаѓа од Бугарите кои се свесни за своето татарско-монголско потекло, туку од македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата, се вели во соопштението од Единствена Македонија.
Но, на големо изненадување во Македонија носители на проектот за подарување на милениумската македонската нација, јазик и историја на Бугарија се поранешните фукционери Денко Малевски, Љубчо Георгиевски, Владо Бучковски кои се продолжение на политиката на Зоран Заев кој со договорот со Бугарија ги брише Македонците во Македонија и во пиринскиот дел на Македонија.
Единствена Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на националните интереси, во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ заедно со македонскиот народ е спремна да започне постапка за решавање на недоразбирањата со Бугарија на начин што Зоран Заев, Љубчо Георгиевски, Владо Бучковски и Денко Малески ќе и бидат подарени на Бугарија, а Македонците да бидат оставени на мира, се вели во соопштението од Единствена Македонија.
фото: Архива