Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Клучните медиуми во Македонија и по 30 години се уредувани од истакнати кодоши на УДБА

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Денешниот Ден на слободата на медиумите 3 мај е потсетник дека за жал во изминатите 30 години медиумите во Македонија не го положија испитот. Уште на почетокот на самостојноста на државата, со медиумскиот простор завладеаја истакнати соработници на Службата за државна безбедност кои до денешно време ја водат уредувачка политика во влијателните медиуми, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Новинарството во Македонија и по 30 години си остана на почетното рамниште, клиентелистичко. Уредници-кодоши и понатаму го креираат јавното мислење.

— реклама —

На Македонија и треба храбро и бестрашно новинарство, а не новинари кои се во „административен брак со УДБА кои се трудни само што не се породиле“. Новата легална власт на Единствена Македонија ќе создаде демократска атмосфера во која новинарите ќе имаат можност да информираат слободно и вистинито.

— реклама —

Единствена Македонија ќе го спроведе и  подзаборавениот процес на лустрација и во новинарството со брза, ефикасна и правична лустрација. Дотолку повеќе, да потсетиме, претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев своевремено во весникот „Шпиц„ на 13 јуни 2006 година прв го изложи концептот за лустрација, но, по победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 5 јули 2006 година лустрацискиот концепт беше злоупотребен со една фарсична, селективна и антицивилизациска лустрација.

Македински новинари, Среќен 3 мај (1948 година) - Ден на слободата на медиумите, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања