Реакцијата на претседателот на Единствена Македонија за предлогот на Зоран Заев за брзи избори:
-„Слушам деновиве како Заев ептен се сили и бара брзи избори. Замислете, Заев бара избори за време на пандемија со коронавирсуот, со маски, ракавици, големи редици и т.н социјална дистанца. Јасно е зошто Заев бара брзи избори во неприродни услови кога здравствената криза со коронавирусот сеуште не е елиминирана.
Заев ова го бара, зошто знае дека во такви услови изборите нема да бидат фер, чесни, легитимни и регуларни. Не треба некоја голема анализа да се види дека доколку луѓето треба да одат на гласање со маски, раквици, во редици и т.н социјална дистанца, јасно е дека во такви услови излезеноста ќе биде многу мала.
Ваквото гласање со маски и ракавици и кога самодовербата кај луѓето се уште не е повратена, потсвесно делува кај луѓето дека можат да бидат заразени ако излезат на гласање и во ситуација да бираат меѓу здравјето и гласањето, нормално ќе го одберат здравјето. На тој начин, практично нема да излезе на гласање мнозинство од неопределените бирачи кои вообичаено гласаат за опозицијата.
Е токму тоа го сака Заев. Мала излезност. Заев знае дека со уцени и закани спрема администрацијата, лицата кои примаат социјална помош, со поткуп, па тие десетици илјади вработени партиските војници кои ги интересира само зачувување на фотелјата, ќе обезбеди каква-таква излезност.
Но, малата излезност го руши легитимитетот и регуларноста на изборите без оглед што за парламентарните избори не постои цензус. Заев многу добро знае дека на регуларни, фер и легитимни избори, ќе биде катастрофално поразен.
Но, ете, слушам Заев е ептен мераклија и бара брзи избори. Ајде да му ја исполниме желбата. Ајде Зоране Заев, да одиме на избори ама со електронско гласање од дома, со што, ќе имаме масовно гласање од бирачите.
Прифати електронско гласање и уште утре закажи избори. Во земји членки на ЕУ како и земји кои не се членки на ЕУ, како на пример Швајцарија, има електронско гласање, а бидејќи секојдевно се фалиш со големи пријателства во ЕУ, земи го шаблонот од кај нив за електронско гласање, да го пресликаме тука и одиме на избори.
Дотолку повеќе, еве, и Државната изборна комисија излезе со став дека нив им се потребни најмногу 60 дена за завршување на сите изборни дејствија. Тоа е доволен период за создавање на потребните технички услови околу инсталирањето на електронско гласање.
Зоране Заев, еве прифати го предогот за електронско гласање од дома, и ајде сите на избори, па народот нека одлучи“ – се вели во реакцијата на Бачев.
фото: Единствена Македонија