Актуелно

Бачев го кани Каракачанов на дуел за вистината за македонските јаничари кои не издржале во историјата и за татарското потекло на Бугарите

Лидерор на Единствена Македонија Јанко Бачев го кани на дуел Красимир Каракачанов лидер на партијата ВМРО-БНД.

-„Слушнав нешто од поканата на Красимир Каракачанов до Никола Груевски за дуел на темата ВМРО и за историскиот карактер на Македонија и Македонците. Но, еве, штом Каракачанов е меркалија на дуели, го повикувам на дуел на темата за македонски јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата и за татарско-монголското потекло на Бугарите. Да му предочам на Каракачанов неспорни историски докази дека ние Македонците немаме проблем со Бугарите кои се горди на своето татарско-монголско потекло, туку дека нашиот проблем како Македонци се одродените македонски јаничари во Бугарија, кои, за жал, не издржале во историјата и потклекнале на егзархиската пропаганда.  Го повикувам Каракачанов да не се плаши да прифати дуел и да ја види вистината која базира на историски извори за македонските јаничари во Бугарија и татарско-монголското потекло на Бугарите. Патем, се согласувам Каракачанов како долгогодишен соработник на бугарските тајни служби под псевдонимот „Иван„ со задача за кодошење на  Македонците во Пиринска Македонија да ги понесе со себе сите службени белешки кои ги пишувале агентите на БНРС од изворот Каракачанов како соработник на бугарската служба. Подготвен сум за дуел или во бугарската престолнина Софија или во престолнината на Пиринска Македонија – Благоевград„ – се вели во поканата на Бачев до Каракачанов за дуел.

фото: Единствена Македонија

На почеток