На денешната прес конференција претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев истакна:
-„Бугарскиот премиер Бојко Борисов по Самитот на ЕУ во Загреб јасно кажа дека ќе има вето од Бугарија за Македонија доколку не прифатиме дека сме измислена нација. Да појаснам, ние немаме проблем со Бугарите кои се горди на своето татарско-монголско потекло, туку ние имаме проблем со нашите одродени македонски јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата и подпаднале под егзархиската пропаганда.
Но, она што силно загрижува е вчерашното своевидно признание на Радмила Шеќеринска дека Македонија ќе ги прифати условите на Бугарија дека сме нација со фалсификувана историја, со цел, Македонија да не добие вето од Бугарија.
Поточно, Шеќеринска рече дека до крајот на годината Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ, а тоа е за период од околу шест месеци.
Но, токму таквото однесување на Шеќеринска е опасно кога решавањето на проблемите ги врзува за шест месеци.
Да потсетам, во изборната кампања во 2008 година, Шеќеринска како лидерка на СДСМ, исто така рече дека доколку победи СДСМ, за шест месеци ќе го решела проблемот со Грција и влегуваме во НАТО.
Од друга страна, Никола Груевски кој ја предводеше кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, ја повикуваше Шеќеринска да каже како ќе го реши проблемот за шест месеци и како ќе станеме членка на НАТО, кога се бара да го промениме името.
Шеќеринска наместо да даде одговор, во тоа време во кампањата зајадливо му враќаше на Груевски, цитирам: Никола не се плаши од сукња и дојди на ТВ дуел, бидејќи во тоа време ставот на Груевски беше во кампањата да не оди на ТВ дуели.
На крај, на тие избори што се одржаа на 1 јуни 2008 година, Шеќеринска доживеа катастрофален пораз, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ освои дури 63 пратеници. Иако покасно видовме дека и овие 63 пратеници не значат ништо оти Груевски целосно ја оплеска работата а последиците ги гледаме до денешно време.
Десетина години подоцна, во 2017 кога СДСМ се врати на власт, дојде и одговорот од Шеќеринска и се виде како мислела да го решава работите за шест месеци. Шеќеринска, заедно со Заев и Димитров и навистина, брзопотезно, го реши проблемот со Грција, но, со бришење на се што е македонско.
Да се навратам на почетокот од пресот. Значи, Шеќеринска вчера пак се фати за фамозните шест месеци и ни порача дека до крајот на годината сигурно започнуваме преговори за членство во Унијата, што значи дека и проблемот со Бугарија ќе го реши за шест месеци.
Поучени од минатото како Шеќеринска за шест месеци ги решава проблемите, уште од сега е јасно како Шеќеринска ќе го решава и проблемот со Бугарија.
Во услови кога Бојко Борисов јасно вели дека Бугарија става вето ако Македонија не прифати дека има фалсификувана историја и дека мора да се откажеме од нацијата, јазикот, Македонците во Пиринска Македонија, тогаш јасно е како Шеќеринска ќе го реши и овој проблем со Бугарија за шест месеци – со прифаќање на бугарските услови и признавањето дека сме измислена нација.
Но, дали ќе се оствари оваа, зависи од македонскиот народ, кој на изборите ќе го каже последниот збор – или ќе се согласи марионетската влада во Скопје да не помножи со нула, или, на изборите ќе победат националните и патриотските сили со определба за поништување на антимакедонските договори со Бугарија и Грција.
Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија имаат јасна определба за поништување на антимакедонските договори со Грција и Бугарија. На потег е македонскиот народ. Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија ја бара првата шанса на изборите. Тоа може да биде и последната шанса за Македонија.
Заедно сме во битката за Република Македонија. Нашите идни пратеници се спремни за најтешката битка, Битката за Македонија – потенцираше Бачев.
видео: Единствена Македонија