Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува Центар за јавно здравје Охрид, а со цел избегнување на ширење на непроверени информации и шпекулации поврзани со епидемијата од коронавирусот, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа…
За период од 01 до 08 мај 2020 г.
- Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 76 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 24 лица, во општина Струга и Вевчани 34 лица и 18 лица, во општина Дебар и Центар Жупа
- Од вкупно земените материјали, 48 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 22, Струга и Вевчани 24, Дебар и Центар Жупа 2), а 28 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 2, Струга и Вевчани 10, а Дебар и Центар Жупа 16)
- Од тестираните лица во овој период во општина Охрид и Дебрца не е лабораториски дијагностицирано присуство на COVID-19 кај ниту едно лице, 1 лице од општина Струга е позитивни на COVID-19, а во општина Дебар и Центар нема нови позитивни на COVID-19
- Оздравени пациенти од општина Охрид се 9, од општина Струга се 7, а од општина Дебар 2 пациенти. Во Охрид денес веќе нема активни лица позитивни на COVID-19
- Во овој период почина едно лице од Струга позитивно на COVID-19.
Од почетокот на епидемијата до денес, 09 мај 2020:
-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа на вкупно 132 лица од кои 15 во општина Охрид и Дебрца, 67 лица во општина Струга и 50 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 15, од Струга се 37, а од Дебар и Центар Жупа се 47 пациенти
-НЕМА починати пациенти од општина Охрид и Дебарца, од општина Струга се починати 14, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4.
Истакнуваме дека во општините Охрид и Дебрца денес веќе НЕМА активни пациенти, односно лица позитивни на вирусот COVID-19, поточно сите 15 лица позитивни на коронавирус од почетокот на епидемијата, се оздравени.
Почитувани сограѓани и покрај поволните епидемиолошки параметри во овој момент, особено во Охрид и Дебрца, простор за опуштеност нема. Епидемијата сеуште трае. Активноста на вирусот се намалува, но коронавирусот циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење на рацете, избегнување на било какви собири.
НЕКА ГРИЖАТА ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ ВИ БИДЕ НА ПРВО МЕСТО!