Актуелно

Единствена Македонија до Пендаровски: Како не ти е срам, покани две македонски и дури пет албански партии, во која држава живееш

Нелигитимниот претседател Стево Пендаровски избран со само 23 отсто од запишаните избирачи од кои голем дел албанци, е голем срам за Македонија и Македонците, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Стево Пендаровски заборавил во која држава живее со поканата на гости кај него за изборите и моделот на изборната кампања во услови на коронавирусот да одлучуваат две македонски и дури пет албански партии на албанското малцинство во државата.  Овој формат не дава гаранција за решенија во корист на македонскиот народ и сите државјани на Македонија. Овој формат е неприроден, неприфатлив, недозволив и не ја отсликува македонската реалност.

Здравјето на луѓето и Татковината е немерливо. Затоа, решение за изборите треба да се бара според формулата за учество на сите политички партии кои имаат потврдени Листи за пратеници од Државната изборна комисија и тоа од најмалку две причини, прво, овој формат овозможува решение со најширок легитимитет прифатено од македонскиот народ и сите малцинства, и второ, претстојните изборите имаат историско значење оти народот треба да го даде одговорот по кој пат ќе оди Македонија – или ќе се зацементира бришењето на сешто е македонско од марионетската власт во Скопје или ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ја вратат државата на изворните илинденски и асномски принципи, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

фото: Единствена Македонија

На почеток