По парапетчето во Градиште, никнува нов ѕид овој пат кај Св Стефан. Денес тешка градежна механизација работи на градба на нелегален објект на самиот брег на Охридско Езеро, во месноста Свети Стефан каде се сечат дрва и се гради потпорен ѕид.
Како што дознаваме граѓаните алармирале во инспекциските служби, кои веќе се упатиле на терен, а на терен повторно излегол и градоначалникот Константин Георгиевски кој е препуштен сам на себе да се бори со организиран хаос и мафијашко и насилно узурпирање на брегот на Охридско Езеро на подрачјето на Охрид. ( Во Струга градоначалникот Рамиз Мерко го стимулира безаконието, хаосот и мафијашкото дивеење ).
За потсетување откако парапетчето во Градиште го урна локалната самоуправа, вчера истото повторно воскресна. На овој потег ресторанот е проширен надвор од сите дозволи, а изградени се ѕидови во половина од должината на првата плажа.
