fbpx
вто. Јун 30th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ВИДЕО) Ристовски: Македонија ќе ја изврземе со брза железница, целта е во Македонија за 1 час да се стигнува на секоја точка

Претседател на Интегра, македонско конзервативната партија Љупчо Ристовски вели дека „Интегра“ е подготвена за овие избори. Нашата платформа веќе е отпечатена. Нудиме многу нови иновативни решенија во скоро сите сфери на општественото живеење кои се критичка точка првенствено на македонскиот национален интерес, а потоа и на државата во секој ресор.

  • Во минатиот период направивме средба со граѓаните ширум Македонија. Овие бели заштитени мечки 30 години си го направиле системот, да им одговара ним и да неможе да пробие нова партија од третиот блок. Оваа тврдина мора да се разбие. Затоа ние бараме иновативни решенија за да дојдеме до јавноста. 90 % од буџетските пари одат кај овие две, три парламентарни партии, а 10% на сите останати партии, од кои две си направиле ВМРО ДПМНЕ, две СДСМ … Многу малку временски ни даваат на останатите партии да ја презентиме својата програма. Затоа одиме во оваа пред кампања. Сакаме да ја добиеме гласноста која законот ни ја ускратил многу итро.  Но, не се плашиме од никого, за нас авторитет е само господ, вели Ристовски.

Претседателот на „Интегра“ додава дека како партија имаат што да понудат.

  • Нашата нова политичка визија, која ја нарековме „Нова Македонска ренесанса“, со која тврдиме дека за една декада ќе ја препородиме татковината и за два изборни од сега никој повеќе нема да ја препознае Македонија. Македонецот никогаш повеќе нема да оди со наведната глава, со свиена кичма,  македонецот никогаш повеќе нема да коленичи. Ќе направиме економски препород на татковината и луѓето ќе ги направиме богати. Државата ќе биде богата само ако има богати индивидуи, категоричен е Ристовски.

Ристовски кој е познат по тоа што жестоко ги критикува и претходната и сегашната Власт објаснува зошто е убеден дека ниту едните ниту другите не работеле за интересите на граѓаните.

  • Ако секој си ги погледне своите трансакциски сметки денеска, и да се запраша што заработил изминативе 30 години со чесен труд,  ќе види дали напредува или назадува. 40 години ние сме во процес на бескрајна транзиција. Ова општетство никогаш не се трансформираше на начин со тоа што државата ќе подаде рака, за да ги крене индивидуите. Оваа држава им ги згасна соништата на неколку генерации. Ја изгубивме младината и интелектуалниот дел на општеството за кој што оваа држава вложувала пари преку образовниот систем. Тоталитарните партии секогаш гладаат во џебот на другиот и сакаат секогаш да земет нешто туѓо. Затоа имате висока корупција во државава. Овие две партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ го донесоа народот на просјачки стап. Оние кои се мачат со труд и заработуваат се секогаш уценувани, имаат закани, притисоци … Тоа не е систем во кој слободата цвета. Ние како ИНТЕГРА се одлучивме да направиме пресврт во секоја сфера. Ние сакаме да ги вратиме мозоција назад, вели Ристовски и објаснува:
  • Во нашата изборна програма имаме предвидено се. Пример во Велес на долината на реката Вардар, „ Слободна технилошка зона“ – иновациска, информатичка, високо технолошка зона, ја нарекове „ВИТЕЗ“. Таму во првите 100 дена ќе има нулта стапка на оданочување за високо интелектуален кадар. Се што е интелегенција во регионов ќе привлечиме овде. Имаме цел оваа зона да прерасне во македонска силиконска долина. Партнери во овој процес ќе ни бидат еден светски познат технолошки универзитет кој е меѓу првите во светот кој има дел за иновации и дизајн кои работат со СИМЕНС кои имаат вложено 100 милиони долари таму на Фабрика на иднината. Двајца професори од таму се во ИНТЕГРА, Тие ќе работат партнерски со нас во Велес да ја донесеме фабриката на иднината, вели Ристовски.
  • Нашата крајна цел е ниту да ги задржиме СДСМ на власт, ниту да ги вратиме ВМРО ДПМНЕ на власт. Сакаме ИНТЕГРА да ја донесеме на власт. Ние напаѓаме со вистината. Нашето оружеје е вистината и љубовта кон сопствениот народ и кон татковината Македонија.
  • Ние планираме буџетот да го симнеме од 1/3 сега, на 1/4 на 25 %. Ние ќе таргетираме создавање на нова додадена вредност.

Ристовски откри само мал дел од проектите кои ќе ги понуди ИНТЕГРА.

  • Во изборната платформа имаме неколку иновативни проекти. Имаме нова транспортна стратегија. Македонија ќе ја изврземе со брза железница. Целта е во Македонија за 1 час да се стигнува на секоја точка. Ова ќе вклучува и воздушни магнетни трамваи. Во Скопје од Драчево до Сарај, од Сарај по јужна обиколница покрај Водно и Охрид од центарот на градот до Св. Наум. Имаме производител со кого сме разговарале цената е околу милион и 100 илјади евра на километар. Знаеме точно за што зборуваме и знаеме точно како ќе го направиме. Во делот на приватните инвестициски фондови ние имаме сосема нова стратегија – капиталните инвестиции од државата кои се половина милијарда и 150 милиони имаме субвенции во буџетите минативе години, државата да ги извади како дискреционо право од премиерот и министрите и ги носиме во приватен сектор како модел на приватно јавно партнерство и стануваат како посебен дел во македонски инвестициски фонд каде двете ќе бидат вложени во три зони, Скопје, Охрид и Струмица. Ова значи дека Охрид ќе стане финансиски центар на балканот во регионот, исто Струмица и исто Скопје. Во тој триаголник ќе донесеме приватни инвестициски фондови кои ќе ги хранат овие две третини кои партнерски со државата ќе влезат во МЕГА проекти .Наша е цел е не само да не увезуваме струја , туку да извезуваме  а со тоа уште во првиот мандат ќе може да си дозволиме на најранливите категории да им дадеме бесплатно струја. Околу Косел сознанијата говорат дека има геотермални води. Низ македонија определени се 7 геотермални точки. Таму ќе има зони за здравствен туризам, вели Ристовски.

Што се однесува за прашањето на промената на името и членството на Македонија во НАТО и ЕУ претседателот на ИНТЕГРА вели:

  • Тоа Северна ќе отпадне како трул плод од дрво. Штом срцето на овој народ не го прифаќа и на референдумот се кажа тоа, џабе им се сите анкети на кои велат дека земјава е на петто шесто место. Прашањето за името е клучното прашање за овој народ. Еве гледате што се случува и со македонскиот јазик. Сега Бугарија е егзекутор за нешто што нормалниот демократски свет ни на крај памет неможе ни да помисли дека може некој за такво нешто да се дрзне да превземе како политика на една држава спрема друга држава. Тоа е трагедија но тие се охрабрени од внатре. Охрабрени се од велепредавничката СДСМ и велепредавничката ВМРО ДПМНЕ кои го играат „танго со ѓаволот“. Еве зошто за време на референдумот Мицкоски не повика на бојкот, за уставните амандмани позајмија 8 пратеници. Сите тоа имаа потпишано оставки и сите имаа депонирано меници со сиот свој имот. Мицкоски не ги активираше мениците едноставно ги предаде во Будимпешта. Ова докажува дека смислено влегле во играта да му дадат, за по три месеци да речат глупо е ако партијата не си ги врати назад.  Тука има партнерска игра со СДСМ, категоричен е Ристовски и додава:
  • За претседателските избори, на тацна му дадоја претседател. Јас има информации дека повторно уцена имало на сцена и дека со измама се извадени гласачите на ВМРО околу 15 и 30 мин.

Ристовски вели дека ИНТЕГРА има концепт, има идеологија.

  • Ние сме единствена партија која излегува со здрава идеологија, вели Ристовски.

 

Вклучување во живо со претседателот на ИНТЕГРА Љупчо Ристовски

Вклучување во живо со претседателот на ИНТЕГРА Љупчо Ристовски

Geplaatst door Ohrid 1 op Woensdag 3 juni 2020