Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(ВИДЕО) Нов вид туризам во Охрид - Корона туризам, зошто да се седи во карантин, кога може покрај Езеро!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
skopje

Социјалните мрежи вријат со критики по последните мерки на Владата. Тие велат дека со тоа што половина од државава со тоа што од денеска ќе биде во карантин ги натера жителите на овие места да овој викенд го поминат во останатите места од државава каде нема до толку ригорозни мерки.  Ќе се потсетиме на изјавата на претседателот на комисијата за заразни болести жарко Караџоски кој на повикот од Охриѓани да се затвори градот за првомајските празници рече:

— реклама —

-Затворањето во својата љуштура, во своето гето, кое што велиме ќе се вика „затворено за останатите жители на државата“, прво не е коректно, второ тие луѓе плаќаат данок на општината каде што градоначалникот собира пари од тие луѓе од даноците, трето добива општината помош од државата, и четврто заштитните средства се од овде. Така што затворање на локално ниво или создавање на таканаречени виргинални подрачја во коишто нема да има влез ниту излез на други граѓани се со цел да си се заштитиме ние, не е хумано,  не е коректно, не е епидемиолошки издражно и крајно сметајте дека целата држава има Ковид за полесно да спиете, истакна Караџоски пред првомајскиот викенд.

— реклама —

Очигледно претседателот си стои на истиот став и сега, кога колони возила се упатија денеска токму кон Охрид, Маврово Дојран. Дали ова значи дека следното жариште за две недели од сега треба да го очекуваме на овие места?

— реклама —

На социјалните мрежи има низа критики упатени до комисијата која го дозволи ова:

-Не знам кој ум ги осмисли меркиве. Веројатно логика на осмооделенец ќе беше поефикасна. Сега имате егзодус по Охриди, Маврови и Дојрани и еден куп села од коишто ни доаѓаат пола скопјани. Викендици, станови, куќички распослани низ државичево колку сакаш...

Приградските населби на Скопје имаат лесен и брз пристап до автопатот и обиколницата. Ене го кај е Велес...А во Тетово не мора ни да влезеш, цепиш право во Гостивар кој не е во карантин. Значи, еден фин начин да испоразболиме цела држава за три дена, одличен начин да отворите уште сто нови кластери!! Да не зборам за лудилото по супермаркетите вчера и денес.

Не ве бива, дечки, можете да имате сто Кризни штаба и Центри за епидемии, здрава логика немате. И уште се дрзнувате да наметнувате Ковид координатори!!!!

https://www.facebook.com/lukrecija.atanasovska/posts/10219614713773354

фото: Скопје 1

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања