Некатегоризирани

Единствена Македонија: Заев направи едно општество во кое законите важат само за православните Македонци, а не и за исламските Албанци

Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ силно ја осудува налудничавата идеја на марионетската влада во Скопје да воведува полициски час само за православните празници сметајќи дека коронавирусот е опасен и напаѓа само за време на овие празници, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонскиот народ со неверување секојдневно гледа и слуша како законите во државата важат само за православните Македонци а не и за исламските Албанци.

Зоран Заев веќе и не крие дека концептот за едно општество го замислува така што законите ќе важат само за православните Македонци, а не и за исламските Албанци. Припадниците на албанското малцинство веќе толку се осилија што повеќе не фермаат устав и закони. Пред Рамазански Бајрам власта рече дека ќе има полициски час, но, од ИВЗ порачаадека џамиите ќе бидат отворени и тоа навистина се случи и власта уплашено се повлече.

Од друга страна, Македонците се секојдневно изложени на политичко-полициски прогон со разноразни пријави за наводното непочитување на мерките во кризата а за најголемиот христијански празник Велигден и сега за денот на покојните – Духовденска задушница, власта става клуч на православните верски објекти.

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија во новата легална власт на Единствена Макеоднија кој доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои Македонците и православните верници ги третираат како граѓани од втор ред во доминанто христијанска Македонија. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија во која законите ќе важат за сите, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

фото: Архива

На почеток