Некатегоризирани

Бачев: Денес на Задушница е тежок и тажен ден: Марионетата Заев гази и врз живите и врз мртвите

Претседателот на Единстевна Македонија Јанко Бачев во изјва за јавноста по повод забраната за православниот празник Задушница рече!

-„Денеска на големиот православен празник Задушница е тежокт и тажен ден за Македонците и за сите православни верници. Тажен ден за мртвите и за живите.

Марионетската власт на Заев инсталирана и купена од странски центар продолжува да ги руши Македонците и православието. Продолжува со антимакедонските и антихристијанските провокации.

Неверниците од марионетската власт под контрола на „ѕверот„ едноставно, претераа. Воведоа забрана и ставија кључ на црквите за Велигден, а еве сега воведоа забрана на движење и за големиот православен ден Задушница.

Денеска, полициски и воени сили се распоредени околу гробиштата во поголемите градови во Македонија. Денеска православните верници не можат да ги посетат гробните места на своите најблиски и да се помолат за помен на нивните души.

Марионетската власт гази немилосрдно спрема Македонците и православните верници. Гази и се изживува и врз мртвите и врз нас живите.

Живееме во време кога православните Македонци во доминантно православна  Македонија се народ од втор ред во сопствената држава.

Одородената марионетска власт спроведува закони само врз Македонците, а не и врз албанците и исламските верници кои не фермаат ниту устав ниту закон.

Но, почитувани мои браќа Македонци и сестри Македонки, јас не сум политичар кој довербата ја бара со лигавење кон народот, туку мора да ја кажеме  вистината.

За ова зло што ни се случува, не можеме да се лутиме на соседите, странците, албанците. НЕ. Вината е кај нас, во властите што ги избираме, во партиите што ги подржуваме во изминатите 30 години.

Затоа народот нема повеќе право на грешка на изборите кога и да се одржат. Народот мора да избере, прво, чесни и честити политичари без ниту една дамка/афера во својата кариера, второ, да избере луѓе со знаење, способност и достигнување во својата кариера и трето, да избере личности со национален и патриотски дух кои целиот  политички ангажман досега го посветиле во одбраната и заштитата на највисоките национални и државни интереси. А после е лесно и на економски и било кој план. Штом се воспостави системот со чесни и честити политичари, добиваме држава каква што сите ја посакуваме.

Единствена Македонија нема да стои на страна и секогаш останува на првата линија во одбраната на највисоките национални и државни интереси.

Ние ќе се бориме, од вас и вашата волја зависи дали ќе успееме да ги победиме овие безбожници и неверници кои во очи те гледат, во господ се колнат и лажат!  Сега имате избор. На гласачкото ливче број 11“ – потенцираше Бачев.

Видео: Единствена Македонија

На почеток