Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Бачев и Кекеновски на средба со францускиот заменик амбасадор Мрозек: Фалсификувани избори не се европска вредност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев и претседателот на ФРОДЕМ Јове Кекеновски во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ остварија средба со со заменик-амбасадорот и прв советник во Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, Станислас Мрозек, се вели во партиското соопштение.

— реклама —

На средбата се разговараше за изборниот фалсификат на 15 јули и за историски скандалозниот преседан со планот за колатерална штета на Единствена Македонија на изборите изготвен од власта во Скопје и нејзините странски ментори.

— реклама —

Во однос на тоа како е изведена фалсификатот спрема Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“, Бачев и Кекеновски на соговорникот му приложија повеќе неспорни писмени докази од кои се гледа дека Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш севрена - само Македонија“ на изборите морала по секоја цена не да биде поразена, туку да биде понижена.

— реклама —

Бачев и Кекеновски детално го објаснија и планот на власта и нејзините ментори од странство кој го спроведе нивната инсталација - Државната изборна комисија, односно, ги пренесоа причините за тешкото изборно злосторство врз Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“  во контекст на борбата за влијание во Македонија на двете супер светски сили поради што Единствена Македонија е колатерална штета на изборите.

Соговорникот беше непријатно изненаден од фактите и доказите кои му беа пренесени со забелешка дека вакви работи не се својствени за земја која претендира за членство во Европската Унија.

Истовремено Бачев и Кекеновски пренесоа дека Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ никогаш нема да го признае фалсификуваниот изборен резултат од 15 јули и дека правната битка за вистината и целосна сатисфакција продолжува пред судот во Стразбур. Во овој контекст, Бачев и Кекеновски изразија жалење од брзопотезното прогласување на изборите за фер и демократски од страна на ЕУ иако фалсификаните избори не се вредност за земјите -членки на ЕУ.

Бачев и Кекеновски изразија благодарност до амбасадорот Тимоние и заменикот - амбасадор Мрозек за корекната соработка и нивните бројни активности и иницијативи низ Републиката на образовен и културен план за поблиско запознавање и зближување меѓу македонскиот и францускиот народ и му посакаа успешна работа на новата должност на амбасадорот Тимоние кој поради истекот на мандат на почетокот на месецот замина од Република Македонија, се вели во партиското соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања