„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Единствена Македонија: На денешен ден пред 19 години Македонија престана да биде држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bacev

Денеска се навршуваат 19 години од капитулантскиот Рамковен договор на кој властите во изминатите 19 години му придаваат нереално историско значење. Јавноста е сведок дека за годишнината владее молк во земјата за овој настан. Во Македонија нема чествување и веселби на 13 август, денот, кој од властите се означува како историски, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Но вистината е поинаква. Со Рамковниот договор Македонија престана да биде држава како сите нормални држави кои базираат на концептот на национални држави со гарантирана положба на малцинските права според меѓународното право.

Со договорот Македонија стана збирштина на заедници од кои само Македонците останаа без своја национална држава за разлика од останатите заедници кои имаат свои матични национални држави. Рамковниот договор и понатаму останува длабоко трауматичен за македонската национална свест и оттука сите македонски патриотски и национални сили имаат света должност да се залагаат за негово поништување и враќање на Македонија на изворните илинденски и асномски принципи.

— реклама —

Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги поништиме штетните договори против македонскиот народ и македонската држава. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови се бориме и за нашиот народ и држава, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања