Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Аргентина славеше против Алжир, Меси стигна до уште едно историско достигнување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Спорт
media-librarymoeph77mf8uretaSsrL

Уште еднаш потврди зошто важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата. Лионел Меси постигна хет-трик во победата на Аргентина над Алжир од 3:0 и го израмни рекордот на Мирослав Клозе по бројот на голови на светските првенства.

Аргентина успешно ја започна одбраната на титулата на Мундијалот што се одржува во САД, Канада и Мексико, а во прв план беше токму 38-годишниот капитен. Неговиот трет погодок на натпреварот беше вкупно 16. на светските првенства, бројка до која претходно стигна само легендарниот германски напаѓач Мирослав Клозе.

Дополнителна симболика има фактот што рекордниот гол дојде точно 20 години по првиот погодок на Меси на мундијалската сцена.

— реклама —

„Да уживам во ова со моето семејство, моите соиграчи и со луѓето кои секогаш се покрај мене е навистина прекрасно. Се чувствувам добро. Благодарен сум на навивачите, бидејќи уште еднаш покажаа колку Аргентина живее за фудбалот. Повторно го наполнивме стадионот“, изјави Меси по натпреварот.

— реклама —

Покрај новото историско достигнување, аргентинската ѕвезда го одигра и својот 200. натпревар во националниот дрес, станувајќи првиот фудбалер што настапил на шест светски првенства.

Меси, воедно, стана и највозрасниот играч кој постигнал хет-трик на Светско првенство, додавајќи уште едно рекордно достигнување во својата богата кариера.

— реклама —

Шанса за ново испишување историја ќе има веќе во следното коло, кога Аргентина ќе се соочи со Австрија. Доколку повторно се запише во листата на стрелците, Меси самостојно ќе го преземе врвот на вечната листа на голгетери на светските првенства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2217ddbj3gsgdFWRX8S

Расте петицијата за исфрлање на Аргентина од Светското првенство: Повеќе од пет милиони потписи

Спорт | пред 23 часа

media-librarycvq5f5virtr5b4z5JD8

Пекол во Мајами: Екстремните горештини го доведоа во прашање четвртфиналето Англија – Норвешка

Спорт | пред 4 дена

media-librarypqsmgh1nq1tsdsCtag9

Мбапе по победата над Мароко: Имам проблем со глуждот, но ќе бидам подготвен

Спорт | пред 5 дена

media-librarys3qilv5fln4k09o4vB9

Капитенот на Норвешка: Добро ги познавам играчите на Англија, нè чека голем предизвик

Спорт | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања