Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Аркан Керим е нов претседател на Tуристичко-угостителската комора

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
thumbnail_Foto_11.03

Аркан Керим е нов претседател на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија, кој беше избран на седница на Собранието на Комората. Керим е долгогодишен туристички работник, сопственик на туристичка агенција и на хотел и истакнат амбасадор на македонскиот туризам во светот.

— реклама —

Во своето излагање пред присутните на Собранието, Керим потенцира дека неговите активности како претседател на Комората ќе бидат насочени кон развој и унапредување туристичкиот сектор, развој на нови трендови во угостителскиот сектор, како и кон заштита на интересите на деловните субјекти од овој сектор.

— реклама —
— реклама —

„Ќе го вратиме сјајот на туристичко-угостителскиот сектор и ќе го презентираме туристичкото стопанство на сите светски етаблирани саеми. Во партнерски однос со институциите ќе се залагаме сите членови на ТУК да имаат пристап до ликвидни средства за раст на компаниите и за проширување на делокругот на активности. Туристичко-угостителската комора во наредниот период ќе ја реорганизираме во пет посебни сектори, кои ќе функционираат во рамките на Комората – угостителство, транспорт, туристички агенции, хотелиерство и обука на кадри за туризмот“, истакна Керим.

— реклама —

Во согласност со поделбата, од секој сектор ќе биде избран и по еден потпретседател на Туристичко-угостителската комора, со цел сите деловни субјекти од разни дејности да имаат рамноправен пристап во одлучувањето. Керим најави и воспоставување регионални претставници во повеќе градови од државата – Скопје, Битола, Куманово, Крушево и Дојран, со што активностите еднакво ќе бидат реализирани во сите региони.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања