Промени тема
Контакт

Армијата со венец пред споменикот на Светите Кирил и Методиј во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library2550king5a1i3BWp031

Делегација на Армијата на Македонија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во Охрид учествуваше на одбележувањето на празникот на Светите рамноапостоли Кирил и Методиј.

— реклама —

Од Армијата соопштија дека делегацијата, на покана на претседателот на Владата, положила венец со свежо цвеќе пред споменикот на „Св. Кирил и Методиј“ на кејот во Охрид.

— реклама —
— реклама —

„Со положување венец со свежо цвеќе пред споменикот на ‘Св. Кирил и Методиј’ на кејот во Охрид, делегацијата на Армијата оддаде почит и признание кон делото на Светите Кирил и Методиј, кои се творци на писменоста и културата“, информираа од Армијата.

Во соопштението се наведува дека нивното наследство и денес претставува симбол на знаење, културен напредок и духовно богатство.

— реклама —

Во рамки на одбележувањето на празникот, армиската делегација присуствувала и на свечената церемонија „Од слово до вечност“, која се одржала во црквата „Света Софија“ во Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања