Во текот на утринските часови, Армијата на Република Македонија ангажираше хеликоптер Ми-8МТ од воздухопловниот ВИНГ за гаснење на шумскиот пожар во подрачјето на село Николиќ, општина Дојран.
Според информациите од АРМ, биле извршени 13 летови со воден товар, при што биле насочени кон критичните жаришта на теренот. Во акцијата се испуштени вкупно 32,5 тони вода (по 2,5 тони по лет).
Воздушната интервенција траела 3 часа и 20 минути и се одвивала под строго контролирани услови, согласно пропишаните стандарди за ваков тип операции.
Од Армијата порачуваат дека остануваат подготвени за понатамошна поддршка при справување со шумските пожари, во координација со останатите надлежни институции.