Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Арсовска ги отвори картите: Наследивме големи долгови од минатото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Градоначалничката Арсовска утринава гостуваше во утринската емисија „Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија, каде што зборуваше за моменталните активности на Град Скопје, како и активностите на Јавните претпријатија во Скопје.

— реклама —

Арсовска истакна дека Градот Скопје во овој момент функционира дијаметрално спротивно од она кое што било пракса во изминатите години, односно нема веќе непотребно и недомаќинско расфрлање на средствата кои што се пари на граѓаните.

— реклама —

„Факт е дека кога го презедовме Град Скопје како ново градско раководство, се соочивме со големи проблеми, најголемиот дел од нив финансиски, поради тоа што градот е презадолжен. Но, не сме тука да се жалиме, наша работа е да бидеме сервис на граѓаните и да придонесеме за развој и модернизација на Скопје. Ние како Град Скопје, заедно со сите Јавни претпријатија кои што се под наша надлежност, секојдневно меѓусебно се координираме и соработуваме, се со цел навремена интервенција секаде каде што ќе се утврди потреба”, истакна Арсовска.

— реклама —

Градоначалничката Арсовска потенцираше дека скопските општини и Јавните претпријатија не се во најдобра финансиска состојба поради недомаќинското раководење во изминатите четири години, но исто така истакна и дека дотациите кои граѓаните ги слеваат во општините не се на нивото кое што треба да се достигне, се со цел тие да имаат доволно средства за секојдневно менаџирање на проблемите кои ги имаат граѓаните и капиталните инвестиции кои што се главен приоритет.

— реклама —

Во периодот кој што следи ќе се отпочнат навистина големи капитални и инфраструктурни проекти кои што се од круцијална важност за Скопје и скопјани. Започнуваме со реконструкција на улици, уредување на пешачките и вело патеки покрај булеварите, работиме на нови зелени површини кои што се неопходни, но исто така ќе има и нови 5 мега паркови кои што ќе бидат од огромно значење за граѓаните. Скопје почна да се менува и да се модернизира, наша цел е да донесуваме брзи и ефикасни решенија кои што ќе бидат од полза на граѓаните и на градот Скопје”, заврши Арсовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 година

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 година

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 година

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања