„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Арсовска може да остане и со „врзани раце“ во раководењето: ги блокирала градоначалниците на телефон, контакт немаат ни по мејл

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
arsovska-gradonacalnici

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да остане без надлежности во делот на отпадот и хортикултурното уредување, побараа скопските градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ова доаѓа по низа критики во делот на хигиената и отпадоците кои се расфрлани на сите страни, но и нервозата која ја има кај граѓаните. Барањето ќе биде доставено до Владата, а надлежностите ќе треба да ги преземат општините. Арсовска се крие од градоначалниците, тврдат тие. Не им одговара на пораки, на службени дописи. Дотолку што, Висар Ганиу од Чаир посочува дека ги блокирала и нивните броеви. Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела посочува дека ќе мораат да чекаат избори, ако Арсовска не се реши сама да замине од функцијата.

— реклама —

„Одговорно тврдиме како градоначалници, дека како што и ги вршиме своите обврски и задачи изминатиот период и ги задоволуваме потребите на нашите сограѓани, со дополнително зголемување на надлежностите, со овие две претпријатија откако нормално ќе бидат трансформирани дека ќе дадеме барем за двојно подобра работа од она што го имаме во моментот“, вели Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела.

Градоначалникот на Чаир, Ганиу, посочува дека контакт со Арсовска не постои и додава: „Не знаеме како да функционираме. Немаме комуникација ниту поединечно како колеги, градоначалничката нè блокирала на телефон“.

— реклама —

Арсовска претходно го впери прстот во премиерот Христијан Мицкоски што градот е нефункционален, иако проблемите потекнуваат од Градот Скопје со кој таа раководи.

Трансформација треба да заврши до декември и од први јануари Општините да се грижат за хигиената. Тие за оваа цел ќе имаат свои јавни претпријатија и тоа значи дека и во иднина и после мандатот на Арсовска, Градот нема да има јавни претпријатија за хигиена и зеленило.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања