Арсовска му додели признание и парична награда на Сердар Цветков кој го освои првото место во Европа и петтото место во светот на глобалниот MOS натпревар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
IMG_6260

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, денес му додели признание и парична награда на Сердар Цветков од средното училиште на град Скопје „Михајло Пупин“, кој го освои првото место во Европа и петтото место во светот на глобалниот MOS натпревар кој традиционално секоја година се одржува во Калифорнија, САД. Овој успех е уште една потврда за талентот на нашите средношколци и на квалитетот на наставниот кадар кој вложува за подигнување на дигиталната писменост кај младите во Скопје.

— реклама —

Во конкуренција од над 130 натпреварувачи од повеќе од 80 земји на најголемиот глобален натпревар за дигитална писменост, нашите млади таленти покажаа дека Македонија има со што да се гордее. Учеството на македонскиот тим беше овозможено благодарение на Семос едукација, со поддршка од Град Скопје и ЦертАдриа. Горди сме што имавме можност да ги поддржиме нашите млади таленти на нивниот пат и активностите со кои обезбедија одлични резултати и светски успеси.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања