Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Арсовска на средба со урбаните заедници во Општина Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска одржа координативен состанок со градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо

Јакимовски и претставници на урбаните заедници од општината Карпош. На средбата присуствуваа и претставници на јавните градски претпријатија и на администрацијата на Град Скопје.

— реклама —

Тимовите од Град Скопје воспоставиja месечна соработка со Општината Карпош за да се запознаат со сите предизвици што ги имаат граѓаните и за да се одговори на нивните барања кои во најголем дел се од областа на сообраќајот, уредувањето на просторот со зеленило и комуналната хигиена. Изнесените барања од граѓаните ќе бидат дел од акцискиот план со проекти кои Градот Скопје ќе ги реализира во населените места во оваа општина.

— реклама —

Претставници од Град Скопје и од јавните градски претпријатија веќе почнаа теренски активности за целосна проценка на состојбата со населбите во Општина Карпош, која ја сочинуваат 13 урбани и 1 месна заедница.

— реклама —

Градоначалничката Данела Арсовска и тимови од Град Скопје во изминатиот период остварија средби со претставниците на месните и урбаните заедници од скопските општини. Целта на оваа активност на Град Скопје е да се излезе во пресрет на реалните проблеми на граѓаните и да се овозможи брз и рамномерен раст и развој на сите општини и населени места во нив, подеднакво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања