Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Арсовска: Создаваме општество каде на секое дете ќе му биде овозможена подеднаква грижа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска присуствуваше на годишниот настан за доделување на признание на најголемите поддржувачи на СОС Детско село.

Арсовска во своето обраќање истакна дека Градот Скопје и понатаму ќе дава поддршка на активностите за развој на личните потенцијали и општествените вредности на своите граѓани а особено за најмладите бидејќи грижата за најмладите е грижа за нашата иднина.

— реклама —

“Изминатиот период имав прилика да се запознаам со дел згрижувачките семејства кои безрезервно ја даваат својата љубов и грижа со цел децата да ги пребродат сите предизвици кои им се испречуваат на патот. Наша заедничка определба е сите заедно да работиме и да создаваме општество каде секое дете ќе има подеднакво среќа, поддршка,едукација, родителска грижа и љубов.

— реклама —

Градоначалничката Арсовска истакна дека градот Скопје во рамките на неговите можности и понатаму ќе биде партнер и ќе помага за создавање успешни приказни и да се прават промени во општеството.

— реклама —

Во име на Градот Скопје, градоначалничката Арсовска ја прими благодарницата од СОС Детското село за придонесот и поддршката кон работата на оваа организација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања