Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Арсовска: Владата има обврска за дотациите за општините, а тие се се помали од година во година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
3-1

ЗЕЛС бара од Владата да си ги испочитува обврските, а тоа се дотациите што секоја година се помали. Ова го изјави градоначалничката на Скопје и претседателката на ЗЕЛС на емисијата Вин - Вин на Телма.

— реклама —

Запрашана дали ЗЕЛС ќе покаже позитивни чекори кон помагање во кризата Арсовска потенцираше дека „многу тешко е да покажете чекори на добра волја кога некој не сака да комуницира со општините. Општините најблиску до граѓаните, во ЗЕЛС сме 81 на број и ние во моментов сами го носиме товарот на кризата, енергетска и економска“.

Според неа иако мерките и политиките за справување со кризата се носат на централно ниво целиот товар е на грб на општините.

— реклама —

„Ние не бараме пари за нас, туку за граѓаните. Ние имаме одговорност со јавните претпријатија за вода, тука се пречистителни станици, пожарна, образованите и културните институции имаат потреба од дополнително финансирање што е обврска на национална власт преку дотациите. Владата има обврска да ги подмирува овие обврски. На пример дотациите што се обврски за образованието сега се скусени. За да најдеме решение на овој проблем треба да се седнеме на маса. Немаме одговор за нашите барања од Влада иако ни беше кажано дека ќе имаме за три дена. Поминаа три месеци. Во ЗЕЛС сме претставници на сите политички партии, сите градоначалници, сите тие имаме исти проблеми и заклучоците се носат со консензус. Не е ова политика, ова потреба да се помогне на граѓаните. Ако владата не сака да разговара, тогаш нека ги земат сите обврски назад“, изјави Арсовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања