Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Арсовска закажа вонредна седница за тековни точки на која самата не дојде, реагира советникот Станковиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
danela-arsovska-1

Денеска се бараше вонредна седница на која ни градоначалничката не е присутна, со самото тоа е јасно колку овие точки го задоволуваат критериумот за вонредна седница. Направен е опасен преседан, се свикува вонредна седница за точки кои вообичаено одат на редовни седници, а ниедна од овие точки не го задоволуваат критериумот согласно Деловникот и Статутот на Град Скопје за вонредни седници, изјави советникот од коалицијата „За обнова на Македонија“ Малиша Станковиќ на денешната вонредна седница на Советот на Скопје.

— реклама —

Станковиќ истакна дека тоа што заслужува да се најде на вонредна седница е суспендирањето на одлуките на Советот на Град Скопје.

— реклама —

- Имаме јавно претпријатие кое и покрај волјата на советниците да не го изгласа годишниот план за вработување, гледаме дека изминатите три дена ЈП Паркови и зеленило распиша оглас за вработување преку 100 извршители на разни позиции, потенцираше тој.

— реклама —

Станковиќ нагласи дека тоа е она истото ЈП кое во петокот побара свикување на вонредна седница за парична помош заради потешкотии во работењето.

Претпријатие кое има потешкотии во работењето и чија економска состојба е загрижувачка во исто време бара да бидат вработени 100 извршители на разни работни места. Ова исто ЈП на 40 вработени во нивниот Флораком им нема исплатено плата последните 3 месеци, за што вработените се стапени во штрајк, истото ЈП на своите вработени им нема исплатено К-15, во извештаите доставени до советниците само за период од 15 месеци од претпријатие кое работеше позитивно, има минус од фрапантни 120 милиони денари, изјави Станковиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања