Промени тема
Контакт

Арсовски: 30 часа по настанот, МВР на Спасовски тврдеше дека немало физички напад врз ракометарот - Оставка веднаш!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kcs0smtrvsi9qjygrdls

Оливер Спасовски со денови се повеќе се плетка во скандалот со заташкувањето на убиството на ракометарот Денис Тот, вели Димче Арсовски.

„Еве една хронологија која што го потврдува тоа, многу прецизна, според динамиката која што тоа го правеа институциите на системот.

Според информациите кои што ги има јавноста, претепувањето на ракометарот се случил во 3 часот на 7-ми април.

Според КАРИЛ и Ургентниот центар истиот ден на 7-ми април, во раните утрински часови до МВР била пријавено „сомнително нешто“ кај пациент кој е примен кај нив.

Дополнително и медиумите вечерта на 7-ми април известуваат за претепувањето на млад ракометар.

— реклама —

НО И ПОКРАЈ СИТЕ ОВИЕ НАВОДИ МВР на 8-ми април преку официјален став до медиумите испратен околу 10 часот говори дека НЕМА физичко насилство.

Внимавајте, МВР на Оливер Спасовски после 30 ЧАСОВИ од настанот, после сите пријави од Клиника на сомнителни работи, после сите пишувања на медиумите, се дрзна да каже дека немало физички повреди кај загинатиот ракометар.

— реклама —

По опис и попис МВР требало да испита и да утврди што се случило, до толку повеќе што за тоа постоеле снимки кои што ги виде сепак јавноста. 30 часови траел молкот на МВР. Дури после смртта на ракометарот, МВР излезе со поинаков став.

Почитувани,

Недопустлив е дефокусот на Спасовски кој што сега сака го направи, практично да ги изманипулира граѓаните, па приказните дека дискотеката била затворена, па извештајот на лекарите, па објаснувањата немало ништо на местото на настанот. Сето тоа е дефокус кој што се обидуваат да го направат. Факт е дека имало пријава, факт е дека имало индиции, факт е дека имало медиумски написи и за жал факт е дека МВР ја замајуваше јавноста, и наместо уште истиот ден на 7-ми да го расветли настанот, тие се обидоа да го прикријат.

— реклама —

Ваквото однесување на МВР, на Оливер Спасовски фрли дамка врз институцијата и на меѓународен план дека убиството било заташкувано, затоа говорат и медиумите од странство.

Затоа одговорност мора да има, и затоа Оливер Спасовски мора да си поднесе оставка веднаш“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања