Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Арсовски: Ангеловска, има пет задолжувања во вредност од над 270 милиони евра и ниту еден капитален проект

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
arsovski

Нина Ангеловска и Зоран Заев денеска повторно ќе ја задолжат Република Македонија за нови 65 до 67 милиони евра. Четири месеци како е министер Нина Ангеловска, има пет задолжувања во вредност од над 270 милиони евра и ниту еден капитален проект кој што може да се види со голо око, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Психолошката граница од над 50% задолжување е одамна помината и граѓаните и државата секојдневно живеат во неизвесност.  Најкрупниот проект на новата министерка е враќањето на рамниот данок по примерот на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Очигледно е дека државата се води недомаќински. Секое ново задолжување само ја покажува развратноста на Владата во делот на финансиите. Нема ниту еден капитален проект реализиран. Жалосно.

Реализацијата на капитални инвестиции и сумата на странски инвестиции директни влезени во Република Македонија во моментот се историски најниски.

— реклама —

Заклучно со септември капиталните инвестиции се 37.6%, значи 3 од 4 квартали не е постигнато ниту 40% од планираната реализацијата на капиталните инвестиции и тоа планирана со ребаланс на буџет.  Новиот Буџет кој го предвидуваат СДСМ, Заев и Нина Ангеловска ќе биде историски најголем, со историски најголема сума нето задолжувања идната година  каде што стотици милиони евра ќе се задолжи нето државата само во 2020 година.

Капиталните инвестиции повторно ќе бидат драстично пониски и од оваа година.  Економскиот тим на Владата потфрли.  Казната за ова потфрлање ќе ги стигне на 12 април на денот на изборите.

— реклама —

Потоа следи обнова на Македонија и реобнова на економски план во целата држава, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања