Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Арсовски: Бараме, носење нов реформски закон според принципите на правото и правдата и Уставот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Dimce-121

Замислете Катица Јанева побарала форензичко бришење на компјутерите во СЈО.

Очигледно, после ваков скандал Катица Јанева има нешто да сокрие, а штом сеуште молчат сите и обвинителството и власта, и не се наоѓа Катица Јанева на распит во обвинителството, тоа значи дека некој сака и нејзе да ја скрие и да го премолчи целиот овој скандал и инволвираноста на Катица Јанева во истиот скандал „Рекет“, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Власта, СДСМ и Зоран Заев сакаат да го прикријат криминалот на Катица Јанева. Тоа потврдува дека и Зоран Заев и Катица Јанева и Кики и Фрики и сите останати се вмешани во случајот „Рекет“.

— реклама —

Затоа ниту СЈО може повеќе да продолжи со својата работа, ниту пак Катица Јанева да биде обвинител. Замешана е во скандал за рекетирање тежок милиони.

— реклама —

Бараме, носење нов реформски закон според принципите на правото и правдата и Уставот.

Најпрвин детална истрага за случајот „Рекет“, да ја видиме инволвираноста и на Катица Јанева и на другите обвинители и истражители на целото СЈО.

Потоа согласно законите бараме враќање на сите обвинители и истражители на нивните матични работни места од каде што доаѓаат и дури потоа доколку ако ги исполнуваат критериумите да конкурираат во новото обвинителство за гонење висока корупција и криминал. Не дозволуваме со закон, скокање по неколку скалила на обвинителите.

Бараме сите предмети од процесите коишто се започнати на ниво на обвинение до 30.06.2017 година, истите да бидат превземени од државниот јавен обвинител и истите да се прераспределат согласно процесите и советите на експертската јавност, онаму каде тие дела истите припаѓаат, односно треба да припаѓаат според нивната тежина.

ВМРО-ДПМНЕ предвидува финансиска независност за целокупното Јавно обвинителство и тоа од 0,8 до 1 процент од државниот буџет, кој што се гласа секоја година, да се одвојува за потребите на државното јавно обвинителство.

Ова се суштинските реформи кои треба да ја донесат неселективната правда.

Намерите на СДСМ и Зоран Заев, верувајте дека не се искрени. Тие само сакаат да се амнестираат и да се заштитат по падот на власта на СДСМ, како што гледаме во моментов дека ја амнестираат Катица Јанева, односно сите други инволвирани.

Македонија мора да се рестартира и мора да тргне напред. И тоа веднаш, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања