Арсовски: Би било кукавички чин Мицкоски сега да даде оставка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
dimce

Сега би било кукавички чин во овие околности оставка, кога Зоран Заев и СДСМ буквално да

— реклама —

тероризираат и ја крадат цела држава. Така да сметам дека ова е завршена тема на којашто не би имале што повеќе да додадеме, така да подобро да се фокусираме на криминалот кој што го прави СДСМ, истакна портпаролот на СДСМ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање откако утрово СДСМ побара оставка од Мицкоски.

Арсовски потсети на испумпувањето пари од државата преку струмичка агенција за обезбедување.

— реклама —

– 21 милион евра се извадени од буџетот за две години, при што плаќани се услуги за обезбедување и двојно поскапо од претходни години кога истите институции користеле вакви услуги. Според доказите кои ги презентиравме и документите објавени на страна на Бирото за јавни набавки, постои огромен сомнеж дека така испумпаните пари од универзалниот снабдувач на струја и неколку државни компании завршиле кај семејството Заеви и СДСМ. Заев целиот начин на работа од Струмица го префрли на ниво на цела Македонија. Дали шемата „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“ стана државна пракса, па сега милионите завршуваат во нивните џебови?! Бараме веднаш и без одлагање да биде укинато покачувањето на цената на електричната енергија.

До кога граѓаните ќе треба да плаќаат за луксузот на семејството Заеви?!

Кога во цел регион, но и во остатокот од Европа цената на струјата се намалува, кај нас во Македонија истата се зголемува, за да се задоволат бизнис апетитите и апетитите на семејството Заеви, истакна Арсовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања