Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Арсовски: Да ја убедуваш јавноста дека нема инволвирани политичари и дека Боки 13 ја немал поддршката од власта е потценување на интелигенцијата на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Arsovski-27-08-2019-mediumi

Со секој изминат ден довербата во истрагата за случајот „Рекет“ и довербата во Вилма Русковска се се помали. Истрагата е целосно компромитирана.

После денешната изјава на Вилма Русковска јасно е дека таа нема намера да ги изведе пред лицето на правдата главните актери во случајот „Рекет“, сите ги знаат кои се. После денешната изјава е јасно дека Вилма Русковска застана во одбрана и на Зоран Заев, и на Кики, и Фрики, и на Шеки и на сите функционери на СДСМ инволвирани во политичко – медиумско - обвинителскиот рекет, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Да ја убедуваш јавноста дека нема инволвирани политичари и дека Боки 13 ја немал поддршката од власта при рекетирањето е дрскост и потценување на интелигенцијата на граѓаните.

Да ја убедуваш јавноста дека сите фотографии, средби, меморандуми, сите состаноци и вечери на Боки 13 со функционерите на власта не постоеле или биле чиста случајност е срамно и недостојно за некој што треба да биде репрезент на правдата и да ја репрезентира правдата во Република Македонија.

Срамно и просто неверојатно за никого.

Едно е јасно.

— реклама —

Обрачот се стега околу главата на криминалниот октопод и кога тогаш ќе мора да падне.

Јавноста веќе нема верба во ова обвинителство на Русковска и Јовевски. Диктатот на Заев под кој работат намерно ја развлекува истрагата за да се спасат сите инволвирани политичари вклучително и он.

Почитувани,

Џабе им е, готови се, паѓаат.

— реклама —

Поткопаната доверба во Заев – Русковска - Јовевски обвинителството на граѓаните и сомнежот кој го имаат граѓаните се тотално и целосно опарвдано.

Развлекувањето на истрагата повеќе од 4 месеци значи само едно, а тоа е забошотување на целиот случај во корист на СДСМ и рекетарите.

Почитувани граѓани,

— реклама —

Одговорност мора да има и одговорност ќе има, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања