Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Арсовски: Дали работењето на Иловица зависи од тоа дали фирмите на Заеви ќе добијат транспорт на руда до Петрич

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Заев и СДСМ избегнуваат 4 дена да дадат оговори за која намена се формирани трите фирми на Заеви во еден стан во градот Петрич во соседна Република Бугарија. Затечениот Заев сеуште не кажа дали овие фирми се формирани за да добијат бизнис од рудникот Иловица за чие работење Заев драстично го промени ставот во споредба со изјавите кои ги даваше пред две или три години наназад, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

— реклама —

„Што се промени г-не Заев? Дали бизнисот со транспорт и логистика на рудата од Иловица до Петрич, бизнис тежок 10 милиони евра годишно, можеби ги промени вашите ставови?

Почитувани еве неколку факти кои отвораат многу прашања и сомнежи.

Официјалните податоци на компанијата која менаџира со проектот рудник Иловица тврди дека 60 до 80 илјади тони руда годишно од рудникот ќе се транспортираат со товарни возила 47 километри од Иловица до, внимавајте градот Петрич од каде потоа со железница ќе се транспортира до топилницата Пирдоп.

Инаку градот Петрич е градот каде што се регистрирани трите фирми на Заеви.

Многу симптоматично е што токму Заеви отвориле фирми во Петрич, во период кога Заев почнува да го менува ставот за работењето на рудникот Иловица и тоа за дејност транспорт и логистика. Овој бизнис кој се овозможува со отворањето на рудникот Иловица тежи над 10 милиони евра годишно.

Зоран Заев зошто молчиш? Одговорете дали работењето на рудникот Иловица зависи од тоа дали фирмите на Заеви ќе го добијат транспортот на руда до градот Петрич каде се пријавени фирмите Гомасиндра, Ориент Груп и Радиша трејд? Што се случи со изјавите на вашата партија дека рудникот Иловица има сериозни закани по здравјето на луѓето, или пак некои бизнис интереси го променија вашиот став?

Редно е да им одговорите на граѓаните и да не бегате и да се криете од јавноста“, вели Арсовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања