Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Арсовски: Дали високи функционери на МВР правеле притисоци за прикривање на шверц со брендирана роба на фирма блиска до Заеви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Вчера во медиумите можевме да прочитаме вести како од најдобрите времиња на транзицијата на СДСМ.

Шверц и криминал.  Низ медиумите вчера излезе сериозна вест пропратена со слики, во која медиумите пишуваа дека е фатен камион со нецаринета брендирана роба, која вклучува и автомобилски делови и крајната дестинација била да се истовари во скопската населба Шуто Оризари, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би сакале јавно да прашаме, дали ваков камион со нецаринета брендирана роба и автомобилски делови е фатен од страна на службени лица на МВР и однесен во полициската станица Шуто Оризари?

Дали камионот кој ја превезувал робата е на блискиот соработник и пријател на семејството Заеви, кој имено е и сопственик на фирмата „Сакаов транс“, која пак е вршител на транспортот на оваа роба? Дали робата која што се превезувала, за која што медиумите пишуваат дека е на фирмата „Винекс текстил“ е на блискиот пријател на Заеви, и бизнис партнер во одредени бизниси на семејството Заеви, Крмзов кој пак важи и за близок пријател на братот на Зоран Заев, Вице Заев.

— реклама —

Дали во моментите кога бил камионот однесен во полициската станица од страна на службените лица, превезувал нецаринета, односно шверцувана роба и дали има некаква белешка за тоа? Бидејќи службените лица за тоа и го застанале и го однеле во станицата.

Дали е вистина дека вчера откако камионот бил фатен со оваа роба од неофицијално која што чини над стотици илјади евра, половина министерство, вклучувајќи ги и раководните структури на министерството се јавиле да интервенираат за да камионот бил ослободен и пуштен?

— реклама —

Дали е вистина дека бил вршен притисок врз полициските службеници да се заташка целиот случај, со закани дека доколку не се стори тоа ќе страдаат самите тие и нивните семејства?

Дали е вистина дека за таа ургенција директно бил задолжен блискиот соработник на Крмзов, братот на Зоран Заев, Вице Заев, за кој се споменува дека и неофицијално бил вмешан во целата шема?

Вака функционира мафијата на власт. Ова се прашања кои треба да ги одговори СДСМ, МВР, но и премиерот Зоран Заев бидејќи се споменуваат лица од неговото потесно семејство и блиски соработници на неговиот брат. Тука МВР е најповикано доколку има вакво заташкување на случај сите оние кои што ѕвонеле да ургираат за заташкување на истиот случај треба да одговараат.

— реклама —

Мафијата од Струмица работи буквално се. Од местење тендери, до шверц на роба, цигари како во Ново Село и се останато.

Ова е мафија на власт предводена од Зоран Заев и неговото семејство. Овие луѓе не заслужуваат да бидат на власт, треба да одговараат, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања