Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Арсовски: Дескоска вчера јавно призна дека Вилма Русковска е под контрола на Зоран Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Dimsa-PRESS-2810-2

Правосудниот систем во Република Македонија е руиниран од рекетари и политички властодржци кои наредуваат како да бидат затварани и решавани судските случаеви. Рената Дескоска вчера јавно призна дека Вилма Русковска е под контрола на Зоран Заев.  Дескоска вчера пред граѓаните на гостување во национална телевизија призна дека се правело амнестија на пратеници кои биле обвинети токму од Вилма Русковска, кои неколку часа по ослободувањето гласале за уставни измени и против волјата на граѓаните, а во насока на волјата на Зоран Заев и СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Очигледно е дека се монтираат случаеви за да може Зоран Заев да прави што сака во Република Македонија. Режим, диктатура и авторитаризам се мали зборови за ова што го прави СДСМ и Заев.

— реклама —

Како што вели Дескоска на сите ни било јасно дека законот за амнестија бил донесен во време кога чекорите кои се преземале биле преземени во насока на уставните амандмани.

— реклама —

Почитувани,

— реклама —

Нема поголем срам од тоа да еден министер што треба да спроведува правда сам си признава пред граѓаните јавно дека спроведува неправда.

Рената Дескоска не треба да чека да дојдат изборите на 12 април, туку треба уште веднаш да си поднесе оставка и да си замине од местото министер за правда, бидејќи ова што го прави не е правда, туку класична неправда.

Срамот на Десковска е срам за целата држава кој од нејзе очекува спроведување на правда, а не личен интерес на Заев, СДСМ и останатите.

Дали и е јасно на Рената Дескоска дека јавно призна пред целата јавност дека Вилма Русковска работи под диктат на Заев?

Дали ова признание значи дека Русковска, Заев и Дескоска секој еден случај го работат на принцип на уцени, закани и притисоци само за да извлечат лична политичка корист?

Дали на Дескоска и е јасно дека за ова еден ден некој ќе сноси одговорност?

Јасно е кој е принципот на работа на Русковска во случаите кои ги води во изминативе 2-3 години.

Заев наредува, а Русковска и Кацарска исполнуваат и на крај Луј Витон торбите полни со пари никој не знае каде завршуваат.

Истото се случува и во случајот РЕКЕТ.

Користејќи го влијанието кон Русковска, Заев се обиде на секој можен начин да се заштити сам и политичкиот врв на власта и СДСМ.

И беше овозможено на Катица Јанева да брише докази, да губи телефони, да форматира компјутери и за целиот период додека го прави тоа па и откако е отворена истрагата за Рекет да зема пари од Владата на Република Македонија.

Значи обвинета за дело и зема пари од граѓаните, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања