Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Арсовски: Додека Заев си тера одмори, министри од владата си тераат екскурзии на државен трошок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
arsovski-pred-antikorupcika

Додека Зоран Заев си тера одмори, а другите министри од владата си тераат екскурзии на државен трошок, Тевдовски денеска ги задолжува граѓаните за нови 49 милиони евра. За само 5 месеци СДСМ ја задолжува државата и граѓаните за над 317 милиони евра, истакна Димче Арсовски -   Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Ова е третина милијарда за само пет месеци. Очигледно нема пилот во авионот. Замислете, освен задолжувања и криминал ништо друго не работи оваа влада на СДСМ.

Пробиена психолошката граница од над 5 милијарди, граѓаните секој ден се позадолжени за над 2 милиони евра. 2 милиони евра секој ден ново задолжување во просек директно од Тевдовски и Зоран Заев.

— реклама —

Наспроти тоа нема нови капиталните инвестиции, само 6% во првиот квартал, нема нови инвестиции, нема повисоки плати, нема повисоки пензии. Нема ништо од ветувањата од економската политика од пред изборите. Наместо ГУГЛ и ФЕЈСБУК, од странски инвеститори останаа само бизнис партнерите во бизнисот со марихуана на Заеви, а за жал граѓаните тонат во сиромаштија.

Очигледно е дека СДСМ не знае да ја управува државата. СДСМ со ваквите политики ја носат државата во провалија. Доказ за тоа е и оставката на почитуваниот нивен советник во финансии, Бранимир Јовановиќ кој на време препозна дека овој брод на СДСМ тоне и избега од министерството за финансии, нејќеше да им ги гледа маките. Самите кадри на СДСМ препознаваат дека Тевдовски и Заев не знаат што прават.

Граѓаните се на раб на егзистенција. Од една страна се задолжуваат државата и граѓаните, а од друга страна се покачуваат даноци, акцизи и сите останати режиски трошоци.

Апелираме, да прекине задолжувањето уште веднаш! Ова не смее да продолжи, се задолжуваат, а нема ниту еден реален проект.

Подготвени се за метла и Тевдовски и Заев и целиот економски тим на Владата.

Оваа Влада на СДСМ се покажа како најнеспособна до сега. Затоа, што побрзо си замине, толку подобро за граѓаните, истакна Димче Арсовски -   Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања