Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Арсовски: Двајца блиски соработници на Заев на високи позиции во Дрисла изминативе две години – над 2 милиони евра за ЕКО КЛУБ во една година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Dimsa-PRESS-2810-2

Здравјето на граѓаните е најважно од се за сите, сем за лицемерните функционери и Влада на СДСМ. Лицемерно е во време кога СДСМ ја губи поддршката од граѓаните и драстично паѓа на рејтинг кај анкетите, да измислуваат и поврзуваат непостоечки случаеви и скандали со ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем реалноста е многу поразлична и реалноста е друга, односно не е она кое што го говори СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Фирмата ЕКО КЛУБ Битола е фирма која од Владата на Заев и СДСМ земала над 130 милиони денари за само една година од институциите, само 2019-тата година, или тоа се над 60 склучени договори за тендери од државните институции.

— реклама —

Ова е навистина импресивно.

— реклама —

Нема човек во државава кој не знае дека секој еден тендер што се доделува, директно е запознаен и одобрен од Зоран Заев или од некој негов близок во Владата или во СДСМ.

— реклама —

Тоа е едниот момент.

Вториот момент е дека член и функционер на СДСМ, Драги Давчевски претходните 2 години е еден од клучните директори во Дрисла, како и друг близок пријател на Зоран Заев од Струмица до пред половина година беше еден од клучните луѓе во италијанската компанија во Дрисла.

Очигледни се намерите на Зоран Заев и Владата личниот неуспех и личниот скандал да го префрлат на грбот на ВМРО-ДПМНЕ, но за жал не им успеа. Граѓаните се свесни кој е виновен за целиот скандал и веќе ја знаат вистината за медицинскиот отпад. Каде е тука одговорноста и кога случајот ќе има разрешница?

Залудни се дефокусирањата од страна на СДСМ и разрешница и  одговорност мора да има што побрзо за овој случај. 

Очигледно бизнисот на Заеви и на СДСМ е ставен пред здравјето на граѓаните, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања