“Во однос на преговорите и преговарачките тимови можам само да истакнам дека единствено на СДСМ и на владата на Рената Десковска, на Зоран Заев не им одговара да се донесе нов закон за обвинителство. Најверојатно поради одредени суети, одредено его и нормално за да можат да се заштитат од целокупниот криминал кој што ги има правено оваа влада во изминативе три и пол години. Во однос на законот за јавно обвинителство многу работи им беа посочени кои што ги посочуваше ВМРО-ДПМНЕ и од страна на експертите на јавната расправа, така да сметаме дека во моментов само СДСМ не сакам да се донесе закон за јавно обвинителство кој што треба да донесе неселективна правда за граѓаните. Во однос на преговорите доколку има нови моменти од страна на преговарачките тимови ќе бидете благовремено известени или денес во текот на денот или утре во текот на денот“, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање за преговорите кои ги води Власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство.
Што се однесува до тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани, Арсовски вели:
-Како што реков за новите моменти веднаш штом се усогласат преговарачките тимови или тимот за преговори од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе дознаете нови информации во текот на денот или во текот на утрешниот ден.
фото: Архива