Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Арсовски: Филипче е подготвен за чистење и метла, оставката му е неизбежна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
fenjgrehrtjhdztj-158218-1

Венко Филипче повторно ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Од медиумите вчера можевме да видиме дека на повидок има нов скандал за централизација на стерилизација во Министерството за здравство. Скандал помалку или повеќе сличен или идентичен на тендерот за реагенси кој пропадна инаку вреден 35 милиони евра, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Скандалот со тендерот кој вчера го објавија медиумите за централизација на стерилизацијата на клиниките во моментов активен и трае до 21 мај, а тендерот е во вредност од 13.700.000 евра.

Главното прашање е кој близок до власта ќе го добие овој тендер и во чиј џеб ќе завршат овие пари на граѓаните?

Тендерот по овој терк е планиран да воспостави монопол во наредните 15 години за стерилизации и сервисирање на клиниките.

— реклама —

Оттука би сакале да поставиме повеќе прашања до Владата и до Венко Филипче.

Дали ова е уште еден тендер по ист принцип на тендерот за реагенси?

Дали се свесни Венко Филипче и СДСМ дека со овој принцип на централизирано стерилизирање постои можност да се доведе до прашање здравјето на граѓаните?

— реклама —

Планирано е целата опрема што ќе се стерилизира да се превезува до клиниките и болниците со возила и оттука постои можност дополнително да има опасност од инфицирање и бактерии.

Експертите коментираат дека на овој начин дури и 5 пати ќе се зголеми цената на стерилизацијата, сето тоа ќе се плаќа од парите на граѓаните, а услугата сепак нема да е на ниво.

Исто така постои и можност да се поскапи и цената на услугите за здравството за граѓаните.

— реклама —

Апелираме и повикуваме, веднаш да се стопира овој тендер и да се отвори поширока јавна расправа, за да се тргнат сите сомнежи во моментов.

Венко Филипче е подготвен за чистење и метла. Оставката му е неизбежна.

Додека пак институциите ги повикуваме да ги следат сите чекори на Филипче и Министерството за здравство, за да може да биде спречен уште еден огромен скандал кој што е на повидок“, изјави Арсовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања