Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Арсовски: Филипче вчера на очиглед на целата јавност си ги протурка фирмите за кои ние јавно алармиравме дека се сомнителни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dimzsa-za-filipce

Покрај сите наши јавни обелоденувања на скандалот со тендерот за стерилизација, Венко Филипче вчера на очиглед на целата јавност си ги протурка фирмите за кои ние јавно алармиравме дека се сомнителни и целиот тендер го прават скандалозен,истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Ние уште вчера пред отворањето на понудите јавно предупредивме дека тендерот е наменет за фирма поврзана со албански бизнисмен, која има врска со тендерот за стерилизација во Албанија каде што истата фирма е кривично гонети.

— реклама —

Се работи за 2 фирми кои се активни на тендерот поврзани со албанскиот бизнисмен Илир Рапај.Фирмите Е вита Албанија и Стери Мед Италија се поврзани со Илир Рапај преку негови фирми и со негови бизнис партнери. Конзорциумот Инвестал каде што има 40% од акциите во конзорциумот истиот Илир Рапај е поврзан со фирмата Е Вита Албанија, а е составен од 3 компании. Конзорциумот Инвестал е основан и регистриран во соседно Косово.

— реклама —

За фирмите поврзани со Илир Рапај и неговите бизнис партнери веќе се води истраги во Албанија и во Италија, а искуството на граѓаните и здравствениот сектор во Албанија е сериозно лошо. Истото го чека и здравствениот систем во Република Македонија доколку не се прекине веднаш овој тендер кој го турка Венко Филипче. Највеќе од сето ова ќе страдаат граѓаните и се ќе оди на нивна штета и нивни грб.

— реклама —

Почитуван министер Венко Филипче,

Втор пат јавноста ве фаќа во лага и во обид да наместите тендер за кој однапред се знаеше кој ќе го добие. Втор пат дрско се обидувате да ги измамите и изманипулирате граѓаните и да испрофитирате лично од сето тоа.

После ваква втора грешка редно е да си дадете оставка веднаш и да не ја чекате метлата и да заминете од министерската функција. Граѓаните не смеат да бидат робови на вашата неспособност и на вашите криминални нагони. Се покажа и докажа уште еднаш дека на Венко Филипче воопшто не му е важно здравјето на 2 милиони граѓани, туку поважно му е некој да се офајди дебело од неговите тендери, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања