Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Арсовски: Фондот за криминални иновации на СДСМ им служи како приватна фирма единствено за испумпување пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Dimce

Фондот за криминални иновации на СДСМ им служи како приватна фирма единствено за испумпување пари.   Заеви и СДСМ преку Фондот за криминални иновации испумпаа над 10.5 милиони евра пари на граѓаните.  Фирмата „ПАУЕРАД ИНТ“ ДООЕЛ СТРУМИЦА блиска до Заеви добила грант од 220.000 евра, но она што е скандалозно е дека апликацијата за рекламирање на фирми преку автомобили, за која се доделени овие 220.000 евра, е замислете ни помалку ни повеќе, украдена и ископирана. И како идеја и како интерфејс самата апликација, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Апликацијата и идејата се ископирани и украдени од американска фирма која е оперативна и функционира од пред 2015 година. Тоа може да се види и на овие слики тука.  Затоа прашуваме, што е иновативно во оваа украдена идеја за да се доделат 220.000 евра? СДСМ е иновативна единствено во крадењето.

— реклама —

Ова не е прв случај да додели Заев на негови блиски стотици илјади евра за украдена апликација. СДСМ и Заеви сеуште молчат за сопствеништвото на фирмата Еленица во периодот кога фирмата „ПауерАД“ аплицирала за грантот.

— реклама —

Да потсетиме дека фирмата е отворена на 09 февруари 2018 година.  Повикот за аплицирање е објавен на 24 април истата година.  А, јавниот повик траел до 11 јуни 2018.   Заеви со „Еленица“ излегуваат од фирмата и му ја оставаат на актуелниот сопственик на 7 август 2018 кога во ек е најголемиот скандал со криминалните иновации.

— реклама —

Одговорност мора да има за се ова што се случува, и одговорност верувајте дека ќе има, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

                                                                                  

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања