Промени тема
Контакт

Арсовски и ВМРО-ДПМНЕ се пример за расипничко и криминално трошење, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Arsovski07122021

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да глуми загриженост за граѓаните и свесно да шири невистини и манипулации за редовни набавки, вели СДСМ во реакцијата на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

„Пример за расипничко и криминално трошење на народните пари е токму ВМРО-ДПМНЕ, со милијардите потрошени за криминални проекти, лажен барок, жални врби и вртелешки и низа други непродуктивни работи.

— реклама —

Расипничко трошење на народните пари за луксуз на ВМРО-ДПМНЕ е Белата палата, со кристални лустери, астали од махагони, позлатени рамки и дебели теписи, од каде портпаролот Димче Арсовски шири лаги, наместо да ги повика своите градоначалници народните пари да ги пренасочат за граѓаните, а не да ги трошат за набавка на чоколода, апетисани и вдомување на партиски кадри.

— реклама —

Но тоа е вистинското лицемерно лице на ВМРО-ДПМНЕ. Во Белата палата ништо не се менува, освен тесно партискиот интерес.

— реклама —

За разлика од нив, СДСМ секој денар од буџетот го враќа кај граѓаните и ги поддржува во време на криза, а последен пример за тоа се антикризните мерки вредни 400 милиони евра, зголемената минимална плата на 18.000 денари, новата методологија за рекорден раст на пензиите, финансиската помош за пензионерите, како и поддршката за домашните компании“, се вели во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања