Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Арсовски: Имаме информации, но и сомнеж за дел од државниот врв, од најтесниот државен врв во владата околу Зоран Заев во партијата, дека се вакцинирале преку ред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
covid-19-vakcina

По денешната прес конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ одговараше на новинарски прашања. На прашањето околу написите во медиумите дека дел на државниот врв се вакцинирал преку ред, Арсовски истакна:

— реклама —

-Да, и ние имаме такви информации но и сомнеж за дел од државниот врв, од најтесниот државен врв во владата околу Зоран Заев во партијата, дека се вакцинирани. Некои ги вакцинирале и своите семејства но еве ги повикуваме Владата, министерството за здравство нека ги објават јавно кои се тие луѓе кои што се веќе вакцинирани од државниот врв бидејќи како што знаете тоа не е ништо лошо сите држави во светот, кои што веќе имаат набавено вакцини ги вакцинираат своите граѓани се трудат што повеќе да прикажат јавно колку луѓе и нормално кои луѓе се вакцинирани, односно да се пофалат со тоа. Така да еве ги повикуваме да ги објават јавно кои луѓе се вакцинирани со вакцините кои што се влезени во Република Македонија односно кои луѓе од државниот врв и дел од нивните семејства се вакцинирани со тие вакцини, истакна Арсовски.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања